Во вторник свечено отворање на фестивалот „Охридско лето“

Свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде во вторник, 12 јули, на Античкиот театар со почеток во 21 часот.

Фестивалот ќе го отвори светски познатиот мецо сопран Елина Гаранча, од Латвија во придружба на Оркeстарот на Македонската опера и балет, водени под диригентската палка на романскиот диригент Ион Марин.