недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Во Загреб поставена првата „паметна“ клупа

Postavljena prva solarna klupa u Gradu Zagrebu

Последни вести

Пред зградата на Рекоратот на Универзитетот во Загреб вчера е поставена првата „паметна“ соларна клупа, чија целм меѓу другото, треба да биде потикнување на поголемо користење на зелени и еколошки одржливи технологии, објавија денеска хрватските медиуми.

Според најавите, по оваа, пред отворањето на Европските универзитетски игри во јули, пред Филозофскиот факултет во Загреб ќе биде поставена и втора „смартклупа“.

Соларната клупа е иновативен проект на младиот студент од Факлултетот за елетротехника, машинство и бродоградба при, Универзитетот во Сплит, Иван Мрвош.

Паметна клупа 2

Освен за одмор, клупата служи и за полнење мобилни телефони или таблети, има хотспот за интернет, сензори за мерење на квалитет на воздухот, но и за собирање други податоци кои се јавно достапни, како јачината на бучавата или температурата на воздухот.

Во текот на ноќта, клупата служи како јавно осветлување, а има бројач на минувачи.

– Таа може да работи десет дена без сонце и отпорна е на удари, рече Мрвош.

Тој истакнува дека би сакал да постави уште 20 клупи во Загреб и 500 ширум во светот во текот на оваа година и уште неколку илјади други во текот на 2017.

Најчитани вести