Во завршна фаза изградбата на фабриката „Маркарт“ кај Велес

Изградбата на германската фабрика „Маркарт“ вредна над 35 милиони евра е во завршна фаза. Во тек се интензивни подготовки за почнување на производството, изјави денеска градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев по посетата на индустриската зона „Караслари”.
Чадиев  кој направи увид во градежните активности на „Маркарт“, беше придружуван од генералниот директор на компанијата во Македонија Волфганг Аихер.
– Реализацијата на сите активности на првиот странски инвеститор во Велес во планираното време е доказ за доброто бизнис опкружување кое го има општината, нагласи Чадиев.
„Маркарт“ чија инвестиција во Македонија се проценува на 35 милиони евра, ќе произведува електронски компоненти за автомобилски гиганти како Мерцедес, БМВ, Ауди,…, а најавува вработување на најмалку 600 лица.
Фото: МИА