четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Во земја на мраморни глави поразот како победа се слави

StefanVlahovMitcov

Стефан Влахов – Мицов

Насловот на колумната е стих на македонскиот поет Раде Силјан од видовитата песна „Тажна слика“.

Само што, нашите клети политичари не читаат поезија. Ниту, пак, сериозни анализи. Слично на исихастите во средниот век, кои барале божествена светлина околу својот папок и политичарите мислат дека Македонија мора да биде зависна од нивниот папок. На тоа во минатото му викале папоумие, кое на денешен јазик значи тапоумие.

Но, во споредба со минатото, денес околу македонските лидери се вртат десетици советници, новинари, „аналитичари“, „политиколози“ итн. разни други ѓубриња, кои обезбедуваат комотна егзистенција преку фанатичен восхит од нивниот папок. Такви фаци ги поплавија македонските медиуми и во изборната ноќ.

Спротивно на нивните глупости, еве неколку вистински факти:

Прво, по изборите победа истовремено славеа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

ВО СЛУЧАЈОТ, ЕДИНСТВЕН ПОБЕДНИК СЕ АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ, НЕЗАВИСНО ШТО ВКУПНО ДОБИЈА САМО 20 ПРАТЕНИЦИ, Т.Е. СО 7 ПОМАЛКУ ОД МИНАТИТЕ ИЗБОРИ.

Замислете, во нормална држава, 20 Албанци во Собрание од 120 пратеници се ништо, вечна опозиција. Кај нас, веќе 25 години тие се во власта и имат повеќе права отколку Македонците. Малцинство од 16 отсто успешно му диктира на мнозинство со 84 отсто.

НЕВИДЕНА МАКЕДОНСКА ГЛУПОСТ.

Второ, во изборната ноќ се промовира митот дека на овие избори македонските Албанци масовно гласале за СДСМ. Само што, според фактите, сите албански партии на изборите во 2011 година имат 216.000 гласови, на изборите во 2014 година – 238.000, а на сегашните избори – 212.000. Со други зборови, албанските гласови за СДСМ се околу 30-тина илјади.

Трето, тогаш прашањето е откаде дојдоа 152 илјади гласови повеќе за СДСМ во споредба со 2014 година? Тогаш 283. 955, а сега – 436.469. Ајде, од Албанците 30.000, а останатите? Останатите се, од една страна, од поголемата излезност (70 илјади гласачи повеќе од 2014), а од друга – од внатрешната трансформација на досегашни гласачи во поддршка на опозицијата.

ТРЕВОЖНАТА ТЕНДЕНЦИЈА Е ДЕКА 70.000 ГРАЃАНИ КОИ ДОСЕГА НЕ ГЛАСАЛЕ, СЕГА ГЛАСАА ПРОТИВ ВМРО-ДПМНЕ.

Четврто, НАЈГЛАВНОТО ПРАШАЊЕ Е ЗОШТО РАЗЛИКАТА ВО КОРИСТ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД 197. 660 ГЛАСОВИ ВО 2014 СЕ СИМНА НА16.240 ГЛАСОВИ? НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ФАНТОМИ КАКО ТВРДЕШЕ СДСМ, ЗАТОА ШТО И СЕГА ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ 452.709 ГЛАСОВИ. Т.Е. САМО СО 28.906 ПОМАЛКУ ОТКОЛКУ ВО 2014. ОДГОВОРОТ Е ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ БЕШЕ БЛИЗУ ДО СВОЈОТ МАКСИМУМ, НО СДСМ ГО ДОСТИГНА СВОЈОТ НЕДОСТИЖЕН ВРВ ДОСЕГА.

Причините за тоа се неколку:

а) Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ беше СТРАТЕШКИ ПОГРЕШНА, ПРИТОА СЕ МЕНУВАШЕ ВО РАМКИТЕ НА ТРИ НЕДЕЛИ. Во последните две и половина години македонските граѓани беа изневерени од владејачката партија, која во 2014 доби голем кредит на доверба.

СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ НА ОПОЗИЦИЈАТА И НА НАДВОРЕШНИТЕ ФАКТОРИ ДА ПРАВАТ СÈ ШТО САКАТ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ИМЕ НА „ДЕМОКРАТИЈАТА“. ВЛАСТА СЕ ПОКАЖА СО СИМНАТИ ГАЌИ И ПРЕД ДОМАШНИТЕ-ПРЕДАВНИЦИ И ПРЕД БРИСЕЛ И ВАШИНГТОН.

НИКОЈ ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВА. ТОА БЕШЕ КАЗНУВАЧКИ ГЛАС НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРОТИВ ДОДВОРУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ВМРО-ДПМНЕ, КОЈА СТОЕШЕ РАСЧЕКОРЕНА МЕЃУ ЈАВНИТЕ ПОВИЦИ ЗА ОДБРАНА НА МАКЕДОНИЈА И СПРОТИВНИТЕ ДЕЈСТВИЈА НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ КОИ ЈА РУШЕА ТАА ОТБРАНА.

Не може да се жалиш од надворешни притисоци и од странски амбасадори, а да се умилкуваш околу нив. Државите пак од каде доаѓат тие амбасадори да ги карактеризираш како пријателски. Не може да ги критикуваш ЕУ и НАТО за нивниот однос кон македонската држава и македонскиот народ, а истовремено да се пикаш кај тие кои сакат да те уништат. Не може да носиш на митинзи странски претставници од ЕУ за да ти дават поддршка, а Унијата те малтретира и тероризира.

ТОА Е ДВОЛИЧНОСТ И БЕЗРБЕТНОСТ, НО СЕТО ТОА МАКЕДОНСКИОТ ГРАЃАНИН ГО ГЛЕДА ВЕЌЕ СО ГОДИНИ. КРАТКО КАЖАНО, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЖАЛИШ ДЕКА САКААТ ДА ТЕ УНИШТАТ, А ИСТОВРЕМЕНО ПРАКТИЧНО ДА ПОМАГАШ ЗА ТОА УНИШТУВАЊЕ.

б) Нееднаш сум пишувал дека влијанието на ВМРО-ДПМНЕ се смалува кога нејзините градоначалници се доживуват како локални шерифи. Опозицијата победи во скопската населба Аеродром каде што ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалник уште во првиот круг, во Центар (каде СДСМ доби градоначалник со околу 2 илјади гласови предност, а денес таа разлика е веќе 8.555). Во населбата Ѓорче Петров владејачката партија се одржа со едвај 260 гласа предност. СДСМ победи и во Битола, Берово, Дојран, Крушево и други градови и ја зачува својата поранешна предност во Куманово и Струмица.

в) Веќе ми стана здодевно да пишувам дека на ВМРО-ДПМНЕ и е потребна РАДИКАЛНА ПРОМЕНА. Едни од активистите се истрошени. На пример, пред две години носителот на листата во петтата единица Милошоски, имаше комотна предност пред СДСМ (таму ВМРО-ДПМНЕ доби 11 мандати наспроти 6 за СДСМ), а сега победата беше донесена со едвај 1.320 гласови. Влатко Ѓорчев во шестката за 306 гласови ќе го изгубеше второто место во трката со „пијаницата“ Шилегов. Надворешниот министер Попоски изгуби катастрофално во единицата со 19.357 гласови. За споредба, на минатите избори тука ВМРО-ДПМНЕ имаше предност од еден мандат. Во двојката Никола Тодоров доби предност едвај 3.870 гласови (на минатите избори ВМРО-ДПМНЕ имаше 10, а СДСМ 5 мандати, т.е. дупла предност).

Македонските граѓани го гледаат додворуването на Попоски кон странците (сеедно не е надворешен министер, туку угостител), витканијата на Ѓорчев, лажниот патриотизам на Милошоски и, ако овие фаци се „лице“ на ВМРО-ДПМНЕ, јасно е дека нема да гласат за такви „лица“.

Мојата мината колумна имаше наслов „ВИСТИНСКАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНУВА ПО 11 ДЕКЕМВРИ.

Што оттука натаму:

Прво, ако ВМРО-ДПМНЕ направи влада, таа мора да биде со албански партии и така ќе продолжи македонската агонија.

Второ, ако СДСМ направи влада со албанските партии и се обиде да ја спроведе ветената федерализација, тоа ќе биде граѓанска војна.

Трето, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати да биде дел од широка коалиција како во капитуланската 2001, тоа ќе биде крај и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Четврто, на локалните избори во мај на хоризонтот е сериозна катастрофа за ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗЛЕЗ: ВМРО-ДПМНЕ ДА ПРЕДИЗВИКА НОВИ ПАРЛАМЕНТАНИ ИЗБОРИ ИСТОВРЕМЕНО СО ЛОКАЛНИТЕ. ПРЕД ТОА, ДА БИДЕ ОРГАНИЗИРАН ВОНРЕДЕН КОНГРЕС НА ПАРТИЈАТА НА КОЈ ГРУЕВСКИ ТРЕБА ДА РАСЧИСТИ СО ПАРТИСКАТА НОМЕНКЛАТУРА, СО ПРЕВАРАНТИТЕ И СО ИНФИЛТРИРАНИТЕ СТРАНСКИ ШПИУНИ И ПРЕДАВНИЦИ. ПОТОА СО НОВИ НЕКОМПРОМИТИРАНИ ЛИЧНОСТИ, СО НОВА ПОЛИТИКА И СО НОВА СТРАТЕГИЈА ДА СЕ ЈАВИ НА ИЗБОРИТЕ. СЕ РАЗБИРА И СО 80 ОТСТО НОВИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАГОНАЧАЛНИЦИ КОИ ЈА ИМАТ ДОВЕРБАТА НА ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ.

Имаме ли шанси како држава и како народ? – ме прашаа граѓани по изборите. Сè уште имаме, иако мора да се запрашаме: Како една Куба во последните 25 години без никаква поддршка го издржа притисокот на САД, како од политичка, економска така и од трговска блокада. Притоа САД е само на 90 милји од нејзината територија. А, ние за исто толку години се трансформиравме во колонија на САД, независно дека не делат околу 4.900 милји.

Одговорот на тоа прашање го дава поетот Раде Силјан: „нам ни треба човек / Кој во името на родот / По патот трнлив? Ќе не води во рајот“ со песната „Пуст остров“.

Најчитани вести