Во Женева нов круг мировни преговори за Сирија

Во Женева денеска почна нов круг мировни преговори за Сирија под покровителство на Обединетите нации, десет месеци по неуспехот на претходниот обид за зајакнување на крвопролевањата во земјата, која е погодена од војна.

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура ја почна првата средба изутринава со делегација на сириската Влада, предводена од Башар Џафари.

Се очекува тој да се сретне  и со Наср Харири, висок член на најголемата опозициска групација Сириска национална коалиција.

Џафари пристигна во седиштето на ОН во Швајцарија со мала екипа, наместо со целата делегација, јави ДПА.

Претставници на опозицијата пристигнуваат во Женева од вчера и некои уште доцна синоќа одржаа средби, подготвувајќи се за преговори.

Тоа се првите мировни преговори по неуспехот на дипломатскиот процес во април минатата година и зголемувањето на насилството.

Де Мистура сака со двете страни да разговара за создавање на преодна влада со учество на сите групи, за усвојувањето нов устав и за одржувањето на изборите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.