Во Женева продолжуваат разговорите меѓу сириската власт и опозицијата

Претставниците на сириските Влада и опозиција денеска повторно ќе се состанат во Палатата на нациите во Женева во рамките на вториот круг од преговорите за мирно решение на конфликтот, пренесе „РИА Новости“.

Координаторот на преговорите Лахдар Брахимај, вчера соопшти дека не е постигнат никаков напредок. Според него, за изминатите два дена не била одобрена дури ни агендата на вториот круг преговори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.