ВО ЖИВО: Ескалираа протестите во Приштина

Неколку илјади активисти на „Самоопределување“ и граѓани на Косово денеска се насобраа да протестираат на плоштадот Скендербег во Приштина, поради изјава на министерот во косовската влада, Александар Јаблановиќ, дадена во врска со враќањето на косовските Срби, но и во врска со приватизацијата на рудникот Трепче. Демонстрантите бараат рудникот да стане косовско државно јавно претпријатие.

Полиција ги презеде сите безбедносни мерки, а просторот пред владината зграда е заграден со метална ограда.

Од протестот се оградија рударите на Трепча како и ветераните од војната во 1998-1999 година.

Демонстрантите протестираат поради изјавата на Јаблановиќ од 6-ти јануари, кога ги нарече „дивјаци“ оние кои ги спречиле раселените Срби да си ги посетат своите домови и Цркви за Бадник. Демострантите исто така бараат рудникот Трепча да стане косовско државно јавно претпријатие.

Инаку, демонстрантите на полицијата и дадоа ултиматум за 15 минути да ги отстрани сите поставени препреки.