Свет

ВО ЖИВО: Париз денеска е престолнина на светот

ВО ЖИВО: Париз денеска е престолнина на светот

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека Париз денеска е „престолнина на светот“ пред Маршот на солидарноста со жртвите на терористичките акции кои почнаа со нападот врз сатиричниот неделник Шарли ебдо, во кои загинаа 17 лица.

„Целата земја е на нозе“, им кажал Оланд на министрите.

Францускиот премиер Мануел Валс изјавил синоќа дека не се сомнева дека ќе се соберат милион луѓе за да ја искажат својата љубов кон слободата и братството. Над 5.500 полицајци и војници ќе се грижат за безбедноста во Париз.

На повикот на францускиот претседател Оланд да учествуваат во големата антитерористичка прошетка одговориле највисоките функциоенри на Европската Унија и лидерите на европските земји.

На Маршот на солидарноста ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на Шпанија, Британија, Турција и Италија, Маријано Рахој, Дејвид Камерон, Ахмет Давутоглу и Матео Ренци, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе ја предводи делегацијата на Русија.

Лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт Марин ле Пен ги повикала своите поддржувачи да се соберат на протестите во другите градови, но не во престолнината.

„Со исклучувањето на Национен фронт од од подготовките на маршот целосно е поткопано националното единство и ние ќе се соочиме со последиците“, кажала Ле Пен додавајќи дека исклучувањето на нејзината партија од Маршот е „жалосен политички маневар“