Македонија

Во живо: Пренос од собирот во Битола

Во живо: Пренос од собирот во Битола

ВМРО-ДПМНЕ денес во Битола во 13 часот во спортската сала Младост, ќе одржи голем народен собир, кој ќе биде почеток на караванот на големи собири на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, а продолжение на минатонеделниот собир од Скопје.

На собирот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обратат лидерот Никола Груевски и уште неколку важни политички личности. Ова е продолжение на минатонеделниот огромен собир во СЦ Борис Трајковски во Скопје, каде што имаше неколку десетици илјади граѓани, членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ
.Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, повторно ќе бидат испратени јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.