Свет

ВО ЖИВО: Светот му оддава почит на Мандела

ВО ЖИВО: Светот му оддава почит на Мандела

Денес нацијата на Република Јужна Африка и светот се простуваат со големиот син на Африка и харизматичниот политичар на нашето време, носителот на Нобеловата награда за мир, Нелсон Ролихлахва Мандела.

Меморијалната церемонија започна во 10,30 часот по македонско време и можете да ја следите во живо на каналот на Youtube.

Мадиба, како што народот го нарекува Мандела, во 95-годишниот животен пат беше од политички противник на апартхејдот и затвореник за 27 години до претседател обединител на белото малцинство и црното мнозинство на најмоќната економска и највлијателната политичка држава на африканскиот континент. На можеби најголемиот погреб на политички лидер во светот, во Јоханесбург ќе присуствуваат над 90 државни и владини лидери, претставници на најголемите светски и јавни организации и милиони Јужноафриканци.