ВО ЖИВО: Започна големиот народен собир во Тетово

Големиот народен собир во Teтово започна. Голем број граѓани се собраа во салата на медицинското училиште „Никола Штајн“, за уште еднаш да ја искажат својата поддршка.

Настанот е дел од на караванот на големи собири на владејачката партија низ целата држава. На собирот ќе се обрати претседателот на партијата Никола Груевски  и останатите високи членови на партијата. Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека јавноста ќе има можност да ги чуе позициите на партијата  за актуелните прашања и предизвици со кои се соочува земјава и уште еднаш ќе порачаат дека нема да дозволат никакви црни сценарија за државата.