Водата ќе биде причина за војните

Експертите веќе подолго време предупредуваа дека во иднина војните ќе се водат за питка вода.

Нема да биде долго кога овие предупредувања ќе станат реалност, со оглед на фактот дека за 10 години се предвидва дека светското население ќе биде снабдувано со вода од страна на големи светски корпорации.

Водата ќе стане луксуз!

Македонија е една од ректите земји во кои граѓаните можат да си наточат вода директно од чешма.

Статистиките покажуваат дека само околу 50-на земји во светот имаат питка и здрава вода за пиење. Од друга страна пак во Африка нема држава во која граѓаните можат да си наточат вода а при тоа да не се разболат. Вкупно околу 780 милиони луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење, а статистички гледано, тоа е еднакво на секој девети жител на планетата Земја.

Годишно умираат повеќе од  3.4 милиони луѓе од нечиста вода поврзана со хигиенски услови. Речиси сите смртни случаеви, односно 99% се евидентирани во земјите во развој.

Недостатокот на чиста вода за пиење убива деца, еквивалентна на бројката на жртви кои би биле доколку на секои четири часа би се случувале авионски несреќи во кои сите патници би биле мртви.