Македонија

Водата од четири јавни чешми на Водно загадена со Ешерихија Коли

Водата од четири јавни чешми на Водно загадена со Ешерихија Коли

Агенцијата за храна и ветеринарство изготви анализа и донесе решение за забрана за употреба на водата за пиење од општина Центар и тоа: Јавна чешма – Жичара – Средно Водно; Јавна чешма – преливна цевка – Средно Водно; Јавна чешма – под Свети Јован – Капиштец и чешма – двор – шумска куќа – Средно Водно.

Во водата по лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на Ешерихија Коли.

Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата. Овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП „Водовод и канализација“.