четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Водата во Македонска Каменица исправна за пиење

voda-struga

Последни вести

Новите анализи на водата од водоводниот систем на Македонска Каменица потврдиле дека водата од ситемот е исправна за пиење. Како што информираат од ЈП „Камена река“, анализите извршени од Центарот за јавно здравје Кочани, покажале дека испитаните примероци на водата за пиење одговараат на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа со што се надмина проблемот со квалитетот и испсравноста на водата за која пред три дена беше алармирано дека не е исправна за пиење.

– Ова значи дека водата од градскиот водовод во Македонска Каменица може да се користи за пиење. Во моментот снабдувањето со вода за пиење е од постоечките зафати од река Горештица и Моштичка Река. Јавното претпријатие „Камена Река“ уште еднаш упатува апел за рационално користење на водените ресурси со што сите заеднички ќе придонесеме за надминување и решавање на проблемот и да се стави крај на ширењето на дезинформации заради остварување на политички поени, истакнуваат од ЈП „Камена Река.

Високите температури и сушата придонесоа да пресушат изворите од каде се снабдува оваа општина со вода, при што се појави недостиг на вода за потребите на граѓаните, посебно од повисоките делови на градот, па од почеткот на месецов Македонска Каменица воведе рестрикција на водснабдувањето по реони, а ЈП „Камена Река“ се обиде да обезбеди вода од алтернативни извори кои се покажаа дека не одговараат на пропишаните стандарди за да се користат како вода за пиење.

Најчитани вести