Водата во неколку кичевски села е загадена со бактерии, а општина молчи!

Водата во кичевските села долно Грешнице, горно Грешинце и Букојчани како и чешмите покрај патот на селото Другово, како и Стража, имаат неквалитетна и загадена вода за пиење, објавува порталот на албански јазик „Журнал“.

Најновите анализи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) покажуваат дека има присуство на бактерии во водата во овие села.

Водата не е дозволена за пиење, но не смее да се користи и за чистење. И покрај бројните ветувања на Градоначалникот Дехари за време на изборната кампања дека граѓаните ќе ги уживаат основните потреби за живот, тоа не се случува.

Водата за пиење како основно за нормален живот, кичевските граѓани не можат да го уживаат и се соочуваат со многу проблеми. Општина Кичево сеуште се нема изјаснето во врска со овој проблем, особено за превземање превентивни мерки за надминување на овој круциален проблем за граѓаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.