Водата во Охрид може да се користи за пиење

Според последните испитувања кои ги направи Центарот за јавно здравје од Охрид, водата во градскиот водовод веќе е хлорирана и истата може да се користи за пиење.

Оттаму апелираа до граѓаните да не ја користат водата за пиење доколку повторно има целосен прекин на снабдувањето со електрична енергија во Охрид.

-Доколку повторно има прекин на електричната енергија во целиот град и истиот трае подолго време, водата од градскиот водовод поради превентивни причини треба да се преврива пред да се користи за пиење, велат од Центарот за јавно здравје.