Водата во Штип исправна за пиење

Инспекторите за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство во Штип извршија контрола во врска со издаденото решение во кое е изречена забрана за пиење на водата од водоснабдителниот објект со кој стопанисува ЈП „Исар“ од Штип.

Доставени се резултати од земаните мостри на вода за пиење од страна на ЈЗУ Штип од 09.02.2015 и 10.02.2015 година со кои се потврдува дека испитаните примероци од водата одговараат на пропишаните за микробиолошка и хемиска исправност од правилникот за безбедност на водата.

Со самото ова се покажува дека водата во Штип е безбедна за пиење и поради тоа забраната за пиење престанува да важи.

vodaaa