Водата во Шипковица исправна за пиење

Исправна за пиење е водата во Шипковица. Ова го покажуваат најновите резултати од испитувањата на водата за пиење во подрачјата во тетовскиот регион кои беа зафатени со поплавите.

Како што информираат од Министерството за здравство во населеното место Шипковица во големиот резервоар што го снабдува долниот дел од местото (кој снабдува најголем дел од местото) водата одговара на прописите за безбедност на вода, односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање.

Водата во Тетово, Лешок и Непроштено исправна за пиење

Министерството за здравство претходно информираше дека водата е исправна за пиење и во Тетово, Лешок и Непроштено.

Водата во Тетово, Лешок и Непроштено исправна за пиење
Водата во Тетово, Лешок и Непроштено исправна за пиење

Во Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна. Во населените места Голема Речица и Порој водата одговара на прописите за безбедност на вода , односно е исправна за пиење, со задолжително продолжување на континуираните мерки за одржување на ова ниво на безбедност и воведување континуирана дезинфекција и хлорирање. Во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење, соопштуваат од Министерството.

Министерството со препораки за заштита на здравјето на населението

Се препорачува користење пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите.
Се препорачува користење пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите.

Инаку, во населените места во овој регион континуирано се дистрибуираат едукативни флаери со препораки за заштита на здравјето на населението, а во продолжение од Министерството потсетуваат на дел од препораките:

  • Се препорачува користење пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите.
  • Водата се преврива така што садот со вода се става на шпорет да зоврие (10 минути), потоа се отстранува и се остава да се олади, а притоа во водата не треба да се става мраз.
  • Се препорачува миење на рацете со сапун после чистење, пред подготовка на храната, пред јадење, после доаѓање во допир со детски измет и после одење во тоалет.
  • Не треба да се користи храна која била во допир со вода од поплавите.
  • Не треба да се јаде храна која била во фрижидер или замрзнувач, ако струјата е исклучена.
  • Сварена храна и намирници кои можат да се расипат, задолжително да се чуваат во фрижидер (пожелно е да се чуваат на температури под 5 степени Целзиусови).
  • Секоја храна мора да биде добро термички обработена (приготвена на температура повисока од 70 степени Целзиусови).
  • Зготвената храна да не се остава подолго од 2 часа на собна температура.
  • Во случај на појава на послаби симптоми на гадење, повраќање, дијареа, односно симптоми слични на грип, висока температура, главоболки, кашлица или вртоглавица, како и при каснување од некое животно, и сл., лицата треба веднаш да се обратат кај матичен лекар или во дежурна служба.