Водата во струшко загадена со опасни бактерии

Бактериите Ешерихија коли и Ентеро коки се пронајдени во водоводите во струшките сека Франгово и Октиси. Освен овие опасни бактерии, од Центарот за јавно здравје од Охрид е утврдено дека во водоводите нема ниту хлор, и водата е забрането да се пие.

Центарот за јавно здравје земал мостри од градскиот водовод, а микробилошките резултати од денешните анализи ќе бидат готови во среда.

Неодамна и во градскиот струшки водовод беше утврдено присуство на Ешерихија коли, но по хлорирање таа повторно беше безбедна за употребување. Проблемот со хлорирање на водата во Стругае главна причина зошто градот има постојано проблеми со исправноста на водата за пиење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.