Водена маса ќе ја зафати Македонија

Поради продор на постудена воздушна маса од северозапад денес попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе дува умерен до засилен, на повисоките места и силен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина над 80 км/час.

Утре претпладне сеуште ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарето, а ќе има и повремен локален дожд. Дневната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а поради намалувањето на облачноста во попладневните часови, во среда утринските температури значително ќе опаднат и ќе се движат во интервал од 1 до 8 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.