Водени барони – Со светот ќе владеат оние кои имаат вода!

Банките од Вол Стрит и мултимилијардерите купуваат вода во постројките за преработка на оваа драгоцена течност ширум светот и со тоа стануваат нови „водени барони“.

Контролата над водата ги консолидира и познатите мега-банки и инвестициски куќи како „Голдман Сакс“, „Џеј Пи Морган“, „Сити груп“, “УБС“, Дојче Банк“, „Кредит Свис“, Маквери Банк“ и „Барклиз“, „Блекстон грпација“, „Алијанза“ и „ХСБЦ“.

Богатите тајкуни како Бун Пикенс, семејsтвата на поранешниот американски претседател Џорџ Буш, Ли Кашинг од Хонг Конг, Мануел Панилин од Филипините и други ширум светот откупуваат илјадници хектари земјишта со езера, пострoјки, како и акции во технолошки компании за преработка на вода.

Загриженост предизвикува фактот што (додека новите водени барони откупуваат вода ширум светот) властите на тие земји забрзано настојуваат да ги oграничат можностите на граѓаните сами себеси да си обезбедат извори на вода.

Познат е случајот со Гери Херингтон, од американската сојузна држава Орегон, кому властите му забранија собирање на дождовница во три езера на неговиот приватен посед, а тој беше оптужен според девет точки и осуден на 30 дена затвор?

Експертите предупредуваат дека приватизацијата на водата и инфрастуктурата е незапирлива, бидејќи бројни локални држави и власти се соочени со пад на приходите и ограничувања во буџетите, па не можат да сносат одговорност за одржување и унапредување на сопствените држави.

Милијардерите и банките од Вол стрит се подготвуваа и чекаа прилика со години.

Во минатите неколку години натрупаа огромни средства за приватизации на водоводите, општинските служби и комуналните претпријатија ширум светот и скоро е невозможно тоа да се спречи – предупредува независниот истражувач Шинг Јанг за интернет страницата „Глобал Ресеарч“.