„Воденица“ казнета со 4.000 евра парична глоба

Ресторан „Воденица“ е казнет со парична глоба од 3 илјади евра поради непочитување на одредбата за забрана за работа и служење на храна донесено од Агенцијата за храна и ветеринарство. Казна од илјада евра има и за одговорното лице вработено во објектот.

Инспекциските служби на Агенцијата минатата недела по поднесена претставка од граѓанин извршиле контрола во објектот.

– Во рамки на контролата, земени се брисеви од работните површини, опремата и од вработените во ресторанот. Поради постоење на сомнеж за неусогласеност беше наредено детално чистење и дезинфекција во објектот и негово времено затворање се додека со лабораториски анализи не се потврди безбедноста, односно дека се исполнети соодветните хигиенски услови. Поради непочитување на ваквото решение донесено од Агенцијата, инспекциските служби донесоа мерка забрана за работа и служење на храна во ресторанот, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму додаваат дека по спроведување на наредените хигиенски мерки во објектот и добиените негативни резултати од лабораториските испитувања на земените брисеви од работните површини, опремата и вработените, потврдено е дека се исполнети безбедносните критериуми, а ресторанот продолжил со редовна работа.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.