Водич за зафатени девојки: Како да се храните здраво и да останете фит?

Што јадете додека сте на работа? Се обложуваме дека вашиот одговор е  – Нешто од нога! Додека брзате меѓу кариерата и вашиот богат социјален живот, лесно може да ви се случи да заборавите на здравата исхрана и на грижата за телото, под изговор дека тоа е луксуз што е дозволен само на оние жени што имаат слободно време. Но грешите! Експертите се сложија – зафатените девојки можат да се хранат здраво. А објаснија и како.

Започнете го денот здраво

Појадокот е мошне важен, а веруваме дека за него сигурно можете да издвоите време. Пред да почне лудилото на работното место, искористете го утрото за да се наполните со добра енергија за она што ви претстои.

Почнувањето на денот на здрав начин ги информира вашиот мозок и тело дека треба да продолжи да прави здрав избор, вели Талија Меки, фитнес менаџер и тренер за здравје. Таа препорачува денот да се започне со здраво смути чија смеса можете однапред да ја подготвите и само да ја ставите во блендер.

Јадете за да имате енергија

Немојте да се плашите од јаглените хидрати.

На нашето тело му се потребни јаглени хидрати, затоа што тие ни обезбедуваат енергија за целиот организам. НАшиот нервен систем, на пример, е мошне зависен од јаглените хидрати, затоа што му овозможуваат да ги одржува сопствените функции. Но, потребно е да знаете што јадете и кога јадете. Јадете јаглени хидрати што бавно се апсорбираат и ограничете го внесувањето на оние што брзо се апсорбираат, а тешко се трошат, како што се шеќерите, вели алехандро Чабан, сертифициран нутриционист и основач на диететескиот план „Yes you can!“.

Нека вашата цел биде внесување на здрави хидрати за појадок и за ручек, но Чабан советува дека сепак е најдобро да ги избегнувате за време на вечерата. Навечер, кога вашата енергија природно опаѓа, на вашиот организам тие повеќе не му се потребни.

Наместете го алармот