Водителка прсна во смеа во разговор за орелен секс (ВИДЕО)

Водителка прсна во смеа во разговор за орелен секс

Водителка во една турска телевизија прснала во смеа кога при разговор со угледен исламски теолог тој се обидел да и објасни дека оралниот секс е забранет во исламот.

Пелин Цифт успевала да се воздржи додека теологот Али Риза Демирикан и објаснувал со мирен тон дека аналниот секс, а особено садизмот, е во голем конфликт со учењето на исламот.

Меѓутоа не можела да престане да се смее кога Демирикан со истиот монотон тон почнал да зборува дека оралниот секс е „напредна димензија на харам“. (Харам во исламот е се она што е забрането да се работи и за што следува казна. „Харам“ како израз често се користи кога е нешто душевно или религиски „валкано“).

Збунетиот соговорник  ја прашал водителката дали има некаков проблем, а Цифт едвај успевала да проговори.од смеа.

Снимката од ова интервју се појави на друштвените мрежи и предизвика потсмев кај корисниците. Еден од нив забележал дека „напредниот орален секс“ би можел да стане важна квалификација во кратките биографии за барање работа.

„Можете да ги почитувате сите религиозни обврски, но ќе одите во пекол поради напреден орален секс“, напишал друг на Твитер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.