Водно и Пржино утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, 27.06.2014 година, без вода ќе останат корисниците од населбите Водно и Пржино.

Како што стои во соопштението, утре од 9 часот, поради поврзување водоводната мрежа, без бода ќе останат корисниците од улиците Салватор Аљенде и Славејко Арсов, како и високите зони во населбата Пржино.

Корисниците без вода ќе бидат се до завршување на градежните работи.