Македонија

Водостојот на Вардар се намалува

Водостојот на Вардар се намалува
(фото МИА)

Водостојот на Вардар во Велес и Демир Капија е малку повисок од вообичаниот за декември, а на мерните места во Јегуновце и Скопје е понизок од повеќегодишниот просек, но сепак се намалува во однос на претходните денови.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), повисок водостој од вообичаениот имаат и реките Треска кај Македонски Брод и Црн Дрим кај Ложани, а нивото на останатите реки е пониско од вообичаеното за овој месец.

Повисок водостој од просечниот за декември имаат Охридското и Дојранското Езеро, а кај Преспанското нивото е за 18 сантиметри пониско од просечното.