Водотеците се намалуваат

водотеци

Управата информира дека водотеците имаат тренд на намалување.

Неделната хидролошка анализа покажува дека нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија од понеделник до петок било повисоко од просекот за овој период во годината. Нивото кај останатите реки Треска, Пчиња, Крива Река, Брегалница варира.

Водостојот на Црн Дрим од понеделник до петок се движел меѓу 18 и 17 сантиметри што е драстично под просекот кој изнесува 123 сантиметри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.