Водовод дел од акција за подобар живот на Чаирчани

Јавното претпријатие Водовод и канализација заедно со останатите јавни претпријатија на Град Скопје и градоначалникот Коце Трајановски денеска учествуваа во редовна заедничка акција, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Чаир.

ЈП Водовод и канализација свој придонес во акцијата даде во насока на вршење на санација на прекопи и дефекти, чистење на шахти и сливници и други редовни активности.

Водовод апелира до граѓаните да дадат свој придонес во насока на заштита на системот на канализацијата и ги замолува граѓаните да не фрлаат отпад во истите.