Водовод дел од акцијата за подобрување на животот во Сарај

ЈП Водовод и канализација, заедно со останатите јавни претпријатија на Град Скопје и Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска учествуваше во редовна заедничка акција, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Сарај.

Водовод свој придонес во акцијата даде во насока на вршење на санација на прекопи и дефекти, чистење на шахти и сливници и други редовни активности.

Од Вододвод апелираат до граѓаните да дадат свој придонес во насока на заштита на системот на канализацијата и ги замолуваат граѓаните да не фрлаат отпад во истите.