„Водовод“: Екипите работат на брзо санирање на дефектот на улицата Филип Втори

Поради дефект на голема цевка ф800, кај МНР, затворена е за сообраќај улицата Филип Втори, информираше ЈП Водовод и канализација на својот ФБ профил.

-Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се на терен и работат на брзо санирање на дефектот. Сакаме во исто време да ги демантираме сите дезинформации кои излегоа во дел од електронските медиуми, стои во објавата.