Водовод ќе се задолжи 7 милиони евра за довршување на административната зграда

Поради одолговлекувањето и проблемите со градежната фирма која беше избрана за изградба на новата административна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ , претпријатието ќе се задолжи 7 милиони евра за доизградба на објектот. Според  директорот, Бојан Василевски, задолжувањето е неопходно, бидејќи веќе три ипол години плаќаат месечна кирија од 25.ооо евра.

„Имаше голем период застој поради тоа што градежната фирма „Алпине Бау“ отиде во стечај. Три ипол години плаќаме месечна кирија од 25.000 евра.  Досега за изградбата на зградата е исплатено околу два милиони евра, а комплетната изведба ќе чини околу 10 милиони евра колку што беше предвидено на стартот. Одлучивме да се задолжиме за да не се стави претпријатието во незавидна положба , да не може да си ги исплаќа тековсите активности, плати и оддржување на мрежата “, посочи Василевски.

Задолжувањето ќе биде од домашни комерцијални банки и тоа нема да повлече зголемување на цената на водата.