Водовод работи на целосна санација на дефектот на Партизанска

Изминатата ноќ во 3,30 минути по полноќ се појави дефект на булеварот Партизански Одреди, во близина на улицата Ленинова. Истиот беше предизвикан поради оштетување на цевка од типот Ф400мм.

Екипите на јавното претпријатие Водовод и Канализација-Скопје ведаш по пријавениот дефект излегоа на терен и во 3,45 минути по полноќ го детектираа дефектот и пристапија кон запирање на водата. Во текот на ноќта и во текот на денешниот ден екипите работат напорно на санирање на дефектот и нормализирање на водоводната мрежа во тој дел од градот.

ЈП Водовод и канализација-Скопје секојневно одржува 1.060 километри водоводна мрежа. Одржувањето на истата, санирањето на дефекти и обезбедувањето на континуирано водоснабдување е приоритет во нашата работа.