Македонија

Водоводна мрежа за новата болница „Филип Втори“

Водоводна мрежа за новата  болница „Филип  Втори“

Општина Карпош стартуваше со нова инвестиција, изградба на водоводна мрежа за новата болница „Филип Втори“.

Како што информираат од општината, станува збор за инвестиција во износ од  5.400.000 денари  со која треба да се обезбеди водовод во должина од 572 метри долж новопроектираните улици 1 и 2 улица едната меѓу улиците Бледски договор и булеварот 8-ми Септември, а другата кон бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Изведувач на работите е фирмата „Жикол“,  а оваа нова инвестиција на територијата на  УЗ Карпош 3 се очекува да биде завршена за десеттина дена.