вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Воен брод на Јужна Кореја со предупредувачки истрели протерал два севернокорејски брода

Бродовите на Северна Кореја - еден воен и еден рибарски – изутринава залутале во водите под контрола на Јужна Кореја и тоа траело помалку од 10 минути, пред да се повлечат

Воен брод на Јужна Кореја со предупредувачки истрели протерал два севернокорејски брода

Воен брод на Јужна Кореја со предупредувачки истрели протерал два севернокорејски брода

Последни вести

Јужнокорејската воена поморска патрола денеска отвориле предупредувачки оган, за да одвратат две севернокорејски пловила кои за кратко навлегле во спорна територија кај морската граница меѓу двете држави, пренесе БТА.

Бродовите на Северна Кореја – еден воен и еден рибарски – изутринава залутале во водите под контрола на Јужна Кореја и тоа траело помалку од 10 минути, пред да се повлечат, соопшти  извор од Министерството за одбрана во Сеул, кој побарал да остане анонимен.

Според неговото кажување, јужнокорејскиот брод испукал пет предупредувачки истрели. Нема жртви ниту од едната, ниту од другата страна.

Најчитани вести