Воената интервенција во Украина може да се претвори во катастрофа за Путин

Интервенцијата на Русија во Украина може да се претвори во „катастрофа“ за нејзиниот иницијатор, претседателот Владимир Путин, пишува списанието “Тајм“.

Постојат неколку причини според кои може да се предвиди дека Владимир Путин нема да излезе како победник од овој конфликт. Во најдобар случај, цената на победата ќе излезе солена, а во најлош случај тоа ќе биде катастрофа, се вели во коментарот во списанието.

Можната употреба на руската воена сила во Украина се смета како една од најнепопуларните решенија на Путин. Според социолошките истражувања, 73 отсто од Русите не ја поддржуваат воената интервенција, а 30 отсто од испитаниците во Москва и Санкт Петербург одговориле дека Русија може да се соочи со масовни протести, слични на оние што ја соборија украинската Влада.

Другата причиона лежи во економскиот ефект од интервенцијата. На почетокот на оваа недела берзанските индекси се намалија за повеќе од 10 отсто, а вредноста на руската валута во однос на доларот падна на рекордно ниско ниво
Во време кога економскиот раст на Русија е во стагнација, воената авантура што ја предизвикува ќе го зголеми протокот на капитал и ќе влијае на економската активност и растот.

Во врска со воената интервенција, Русија не доби поддршка дури и од најблиските сојузници. Казахстан за прв пат не ја поддржа Москва во толку важни стратешки прашања и побара од земјата да прекине со употребата на сила.

Изолацијата на Русија од Западот значително ќе се продлабочи, се вели уште во статијата на „Тајм“, а санкциите што може да бидат прифатени во однос на Русија, го зголемуваат ризикот од раскол во најблиската околина на Путин.