ЕУ одобри воени акции против криумчарите на мигранти во Медитеранот

Европската Унија одобри воени акции против криумчарите на мигранти во Медитеранот, пренесува Раша тудеј, повикувајќи се на АФП.

Властите планираат да ги опколуваат и да ги уништуваат бродовите, со цел да се разбие мрежата што оперира низ разорената Либија.

Во јуни, ЕУ ги лансираше поморските сили на Медитеранот на Европската Унија (EUNAVFOR Med) за да преземе системски напори за идентификација, заробување и разоткривање на пловни објекти и други сретства што ги користат или постои сомнеж дека се користат од страна на криумчарите на мигранти. Сега ќе биде дозволено да се сопрат и да се уништат бродовите што се користат за превоз на илегални мигранти.

Европската Унија одобри воени акции против криумчарите на мигранти во Медитеранот
Европската Унија одобри воени акции против криумчарите на мигранти во Медитеранот

Претходно меѓународната организација за миграција изјави дека рекорден број на баратели на азил го преминале Медитеранот во 2015-тата. Според податоците од агенцијата, 432.761 мигранти и бегалци стасале во Европа преку море, што е повеќе од двојно во однос на 2014-тата.

Вкупно 2.748 лица го загубиле животот додека го преминувале Медитеранот, соопштува Агенцијата, наведувајќи дека Каналот кај Сицилија е „озлогласената рута во Средоземното море“.