Воени вежби во близина на Корејскиот полуостров

Американскиот носач на авиони „Роналд Реган“ заедно со јапонски воени бродови изведуваат во средата воени вежби во водите околу островот Окинава, југозападно од Корејскиот полуостров, соопшти јапонската воена морнарица.

Воените маневри со американскиот носач на авиони започнаа во саботата, а во нив се вклучени и чамци коишто пловат од каналот Баши, кој ги раздвојува Филипини и Тајван, до водите во близина на јапонскиот остров Окинава, кој се наоѓа близу Северна Кореја, пренесува Reuters.

Во вежбите учествува и јапонскиот разорувач „Шимказе“ кој ги следи американските бродови од групацијата предводена од носачот на авиони.

Воените маневри се одржуваат во време на засилени тензии со Северна Кореја, истовремено додека САД ги одржуваат воените вежби во регионот во коишто се вклучени стратешките бомбардери „B-1B“ коишто полетуваат од воздухопловната база на американската пацифичка територија Гуам, каде што е сместена и воено-поморска база.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.