Воени вежби вечерва во центарот на Киев

Украинските вооружени сили вечерва ќе одржат воена вежба во центарот на Киев, соопшти украинската Влада, по предупредувањето на претседателот Александар Турчинов на закана за руска инвазија.

Во соопштението објавено на веб сјтот на украинсата Влада граѓаните се известени дека „колони возила ќе се движат низ градот и ќе учествуваат во вежби“.

Турчинов утрово во телевизиско обраќање им порача на украинските граѓани дека војската на државата е во потполна борбена пдготвеност поради „закана од руска инвазија“, признавајќи дека Владата во Киев не може да ја стави под контрола ситуацијата во источниот дел на земјата.