Воениот оркестар ќе одржи Новогодишен концерт

Новогодишен концерт на Воениот оркестар на АРМ ќе се одржи утре на 17 декември, со почеток во 19 часот во Домот на АРМ.Воениот оркестар на АРМ ќе изведе репортоар од различни нумери од познати домашни и светски автори..На Новогодишниот концерт на Воениот оркестар ќе присуствуваат припадници на Министерството за одбрана, Генераштабот на АРМ, припадници од сите команди и единици на АРМ и воените аташеи акредитирани во Република Македонија.

Во текот на 2013 година, Воениот оркестар  имаше успешен настап во повеќе градови низ Република Македонија, каде граѓаните на Скопје, Битола, Прилеп, Струга, Охрид, Радовиш и Струмица имаа единствена прилика да уживаат во изведбите на познати музички дела од странски и домашни автори, како дел од проектот за јакнење на  цивилно-воената соработка, но и за приближување на Армијата до граѓаните.