„Вог“ не ја сака Ким Кардашијан

Мегапопуларната двојка Кимје, и покрајс ите привилегии очигледно е дека не можат да добијат што сакаат.

Ким Кардашијан била и ќе биде на многу насловни страници, но не и на насловната страница на најпрестижниот и најпопуларниот „Вог“.

Според таблоидите, Канје Вест и главната уредничка на американското списание „Вог“ , Ана Винтур, веќе долго време се пријатели, но тоа не значи дека на Ана  треба да ѝ биде омилена и неговата свршеница, Ким Кардашијан.  Се збори дека Канје со месеци ја наговара Винтур да ја стави Ким на насловната страна од престижното списание, предлог кој Винтур упорно го одбива и наместо негова Ким, на насловна место добиваат други славни личности.

Канје се надеваше дека Ким ќе ја добие насловната страна од февруарскиот број на модното списание, но „Нуклеарната Ана“, како што ја нарекуваат Винтур, прекар кој го стекна со текот на годините во нејзиното озлогласено владеење во најмоќното модно списание, за февруари ја одбра актерката Лена Данам, позната од серијата „Грлс“.

Насловантаа со Лена толку го изнервира Канје, што тој наводно ѝ се јавил на Ана и имал расправија со неа, а некои американски медиуми пренесуваат дека Канје бил видно навреден поради тоа што таа повторно ја заборави неговата старлета.