„Вог“: Природниот тен е во мода, немојте да се сончате!

Овој моќен магазин конечно го крена својот глас за да ја поткрене свесноста кај жените дека не е модерно, а ниту убаво да се биде болен во име на убавината, а особено не од рак на кожата.

Во новиот број на американскиот „Вог“ за прв пат во историјата се велича убавината на природниот тен, без разлика на тоа која е бојата на вашата кожа. Поради зголемениот број на заболени од меланом, од рак на кожа и овој моден магазин го крена гласот за да се крене свеста кај жените.

Вложете двојни напори за да се заштитите од сончевите зраци што може да доведат до хиперпигментација, дамки на кожата и од најголемата опасност – рак на кожата, се вели на нивната веб страна.

Тие додаваат дека црвениот килим во Кан само ја потврдил нивната теорија, затоа што се поголем ѕвезди несамо што не се сончаат и не користат солариум, туку не користат ниту спреј за потемнување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.