Воислав Шешељ е болен од рак на дебелото црево?

Првите проценки на експертите покажуваат дека станува збор за рак на дебелото црево. Шешељ минатата година имал здравствени проблеми, кога му се слошило на едно судење.

Претставниците на Српската радикална партиј тогаш побарале Хашкиот трибунал да му овозможи на тим од српски доктори да го посети и прегледа Шешељ.

Тој од почетокот на минатата година два пати бил хоспитализиран поради проблеми со здравјето, а на 12-ти јануари му бил вграден пејсмејкер.