Војажер одбележа 10 години од своето постоење и успешно работење

Туристичката агенција Војажер одбележа 10 години од своето постоење и успешно работење.

По повод 10 годишнината, беше одржана средба со претставници на медиуми, на која директорката на агенцијата, Мимоза Конеска Каимоски зборуваше за работењето и остварената визија на тимот кој стои зад успесите на туристичката агенција Војажер.

Почетоците на нашата агенција се во идеата да се создаде туристички сервис кој ќе нуди постојан квалитет на услуги како на македонските патници, така и на патниците ширум светот. До сега со несмален жар работевме како на аутгоинг така и на инкаминг туризмот и на секогаш оригинален и посветен начин ги откривавме убавините на Македонија за странските туристи од кои голем дел станаа веќе редовни гости и можам да кажам пријатели на Македонија. Тука би ја истакнала улогата на тимот на Агенцијата кој е првиот преку кој странците го создаваат првиот впечаток за нашата земја. Со истражувачка љубопитност и висока професионалност приоѓаме и кон отворање на новите патишта и дестинации за нашите туристи, за македонските граѓани кои имаат висок критериум и изострени барања. Почитта кон нашите редовни и нови патници ни поставува се повосоки цели. Со таква идеа ја создадовме и врската со ПОНТЕ Травел, и сметаме за успех македонскиот патник да може директно од нашиот аеродром да патува до посакувани егзотични дестинации каде ќе добие висок третман и приватен професионален водич за време на целото патување. Само ваквиот третман на нашиот турист е вистинска реклама за нашата досегашна соработка со Понте, изјави Конеска Каимовски.

Таа потенцира дека десетте години успешно работење се изградени од задоволтствата и довербата која ја агенцијата ја поставила со нивните патници, корисници на нивните услуги, но и со соработниците и деловни партнери.

voyager-1

Имаме уште многу реални планови за иднината кои ќе ги реализараме на задоволство на сите, рече таа.

Во пријатниот амбиент на хотелот Буши пред бројни претставници на медиумите и други видни гости, говореше и генералниот директор на ПОНТЕ Травел од Белград, Саша Зариќ.

Во неговото обраќање тој ја истакна професионалноста на македонската агенција Војажер која е официјален ексклузивен застапник на ПОНТЕ Травел за Македонија, Косово и Албанија.

Саша  Зариќ – генерален директор на ПОНТЕ Травел, Белград, Србија, присуствуваше на прес конференцијата со своите најблиски соработници , со цел токму во чест на 10 годишнината, да се објави соработката на ВОЈАЖЕР и ПОНТЕ Травел, по однос на понуда на вонстандардни програми и нови ексклузивни дестинации за македонските туристи и вљубеници во егзотични патувања, по промотивни цени.

Се работи за исклучителна програма на патувања на дестинации кои за прв пат се нудат како можност за патување од Македонија. Овие патувања ги изработи тим стручнаци со големо познавање во туризмот,ова не е само “гол” програм од само хотел и авион туку внимателно изработени програми заедно со нашите партнери ширум светот. Не обедини љубовта кон туризмот и ентузијазмот на патниците да им пружиме добар однос на цената и квалитетот, да ви ги претставиме Мијанмар, Индонезија,Тајланд, Индокина, Јапонија, Индија, Занзибар, Шри ланка, француска Полинезија, Керала, Етиопија на еден поинаков начин – се што треба да видите и како треба да видите со најдобрите водичи од овие простори. Грпните патувања се планирани на точно определени датуми во период од 07октомври 2015 до 07октомври 2016. А нашата соработка продолжува и понатаму, изјави Саша Зариќ.

Детали за патувањата и дестинациите изложи проект менаџерот на ПОНТЕ Травел – Марко Милутиновиќ кој посебен акцент стави на цените кои за посета на земјите од далечните дестинаци, преку оваа соработка ќе бида како за досегашните цени на посета на медитеранските дестинации.

voyager-2

На заедничката средба, директорите на македонската и српската туристичка агенција се осврнаа на патот за градење успешна професионална туристичка соработка, како и за придобивките кои патниците ги добиваат од ваквиот вид меѓународни соработки со спојување на искуствата и можностите.

Агенциите оваа соработка ја реализираат со цел да се постигнат подобри понуди, а по пониски цени и со тоа да се приближат далечните дестинации кои нудат многу повеќе од веќе виденото и доживеаното.

На Прес конференцијата присуствуваа  студенти и наставен кадар од Универзитетот за туризам и менаџмент, од Факултетот за туризам, чиј Декан со нескриено задоволство, ја поздрави идеата за создавање вакви соработки со што се  вложува во искуствата на туристите и нивните критериум, а со тоа се унапредува и туризмот.

Деканот честитајќи ја 10 годишнината, го поздрави примерот на агенцијата ВОЈАЖЕР за професионалнот пристап кон негување на транспарентноста преку организацијата на прес конференција и покана до студентите од Факултетот за туризам. Соработката како со медиумите, така и со младите генерации идни работници во туризмот е од извонредно значење.