Војдан и Алба поразени во Тел Авив

Синоќа на програмата во Евролигата беа шест натпревари, а по три победи забележаа домашните и гостинските тимови.

Макаби во Тел Авив ја победи Алба на Војдан Стојановски со 95:89. Гостите одлично се држеа во текот на целиот натпревар, но сепак на крајот не издржаа во обидите да слават против актуелните европски шампиони.

Најзаслужни за победата на домаќините беа Девин Смит и Брајан Рендл кои постигнаа 26, односно 21 поен. Кај гостите најефикасен беше Џамел Меклин кој зад своето име забележа 16 поени. Стојановски за 13 минути постигна 5 поени, имаше и 2 скока, 1 асистенција и загубена топка.

Резултати од 8.коло:

А група: Нижни Новгород – Реал Мадрид 98:101, Динамо Сасари – Уникс Казан 68:72, Жалгирис – Анадолу Ефес 57:66.
Табела: Реал Мадрид 6-2, Анадолу Ефес 6-2, Уникс Казан 4-4, Жалгирис 4-4, Нижни Новгород 3-5, Динамо Сасари 1-7.

Б група: Лимож – Уникаха 67:64, Макаби – АЛБА 95:89, ЦСКА Москва – Цедевита играат вечерва.
Табела: ЦСКА Москва 7-0, Макаби 5-3, Уникаха 4-4, АЛБА 3-5, Цедевита 2-5, Лимож 2-6.

Ц група: Емпорио Армани – Баерн 83:81, Фенербахче – Панатинаикос 84:62, Туров – Барселона играат вечерва.
Табела: Барселона 7-0, Фенребахче 6-2, Панатинаикос 5-3, Емпорио Армани 3-5, Туров 1-6, Баерн 1-7.

Д група: Галатасарај – Лаборал, Олимпијакос – Нептунас и Валенсија – Црвена Звезда сите натпревари се играат вечерва.
Табела: Олимпијакос 6-1, Црвена Звезда 4-3, Лаборал 3-4, Галатасарај 3-4, Нептунас 3-4, Валенсија 2-5.