Војна меѓу двете Кореи – Сеул го евакуира пограничното население

Војна меѓу двете Кореи. Северна Кореја утрово исфрлила неколку гранати на Јужна Кореја, која возвратила и се подготвува за најлошото можно сценарио.

Како што пренесува Раша тудеј, јужнокорејската војска е во состојба на највисока приправност откако ги гранатирала пограничните позиции на севернокорејската армија во одговор на артилерискиот напад утрово. Сеул започнал со итна евакуација на населението што живее во пограничните области.

Баражниот артилериски оган на севернокорејската војска наводно бил откриен од радарите во 15, 32 часот по локално време, изјави претставник на јужнокорејската информативна агенција Јонхап. Армијата на Јужна Кореја го возвратила огнот.

Засега нема информации за жртви или поголеми штети, но Сеул сепак издаде наредба за евакуација на западот на корејскиот полуосторов. Исто така, веднаш била свикана вонредна седница на Советот за национална безбедност на Јужна Кореја.

Цел на нападот – пунктовите со пропаганда против Ким Џонг – ун

Јужнокорејската телевизија КБС јавила дека севернокорејската армија стрелала во пунктот од каде се емитува пропагандата против политиката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун.

Цел на нападот – пунктовите со пропаганда против Ким Џонг - ун
Цел на нападот – пунктовите со пропаганда против Ким Џонг – ун

Пјонгјанг во повеќе наврати побарала од Сеул да ги изгаси тие пунктови кои што ги смета за чиста провокација и очигледно доволна причина за војна меѓу двете Кореи.

Северна Кореја сеуште не ги коментира последните случувања.

Односите помеѓу двете Кореипотензични од вообичаено

Инаку, односите помеѓу двете Кореи во моментов се потензични од вообичаено поради инцидентот што се случи месецов. Двајца јужнокорејски војници настрадаа од примитивна нагазна мина, за што Сеул веднаш го обвини Пјонгјанг. Ова обвинени беше веднаш отфрлено од Северна Кореја.

Пунктовите за пропаганда во Јужна Кореја следеа како одговор на споменатиот инцидент.