Војна на зборови помеѓу Антиќ и Стефанов

Поранешниот репрезентативец и сегашен член на НБА тимот Атланта, Перо Антиќ, преку својот профил на “Инстаграм” упати низа навреди на сметка на еден од најдобрите македонски кошаркари, Врбица Стефанов, кој синоќа потврди дека ќе биде нов тренер на МЗТ Скопје.

Под прекарот „чичко стоилко“, Антиќ пиша зборови кои никако не доликуваат на една спортска икона и идол на многу млади луѓе ширум земјава.

„Не знам дали е пародија или заебанција, уште една наша тимска икона отиде во пропаст (најверојатно се мисли на МЗТ – н.з.). Дундата улизи-смукович конечно стигна до целта, но за кратко верувајте“, напиша Антиќ.

antik instagram-103458

Како и да е, новиот тренер на МЗТ Скопје смирено одговори давајќи изјава специјално за „Спортмедиа“.

врба

„Навистина не ми се јасни фрустрациите кои Антиќ ги искажува кон мене. А, можеби и има причина за тоа, не знам. Он е еден од ликовите на кои не трошам време за анализирање, а неговите зборови само ја искажуваат неговата култура и домашно воспитување. Тоа е негов начин на изразување и негов вокабулар, а дали е исправен ќе процени јавноста. Само ми е жал за децата на кои тој им е идол“, кусо ни прокоментира популарниот Врба.

За многумина оваа своевидна “војна” на зборови помеѓу Антиќ и Стефанов е нејасна, но она што повеќе загрижува е тоа што се работи за две кошаркарски легенди, играчи кои и тоа како оставиле свој печат во македонската кошарка и кои се едни од нашите најпознати спортски амбасадори ширум Европа и светот. Останува да видиме како ова препукување ќе заврши.