Во војната во Сирија досега загинале над 240.000 лица

Во војната во Сирија досега загинале над 240.000 лица
Во војната во Сирија досега загинале над 240.000 лица

Повеќе од 240 илјади луѓе, меѓу кои 12.000 деца, загинаа досега во војната во Сирија која почна во март 2011 година, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, објави МИА.

Според најновите податоци на оваа група со седиште во Лондон, која се потпира на широката мрежа на извори на терен, во Сирија животот го загубиле 240.381 лице, што е речиси за 10.000 повеќе во однос на податоците од 9 јуни, пренесува Ал Џезира.

Во судирите загинале 71.781 цивил
Во судирите загинале 71.781 цивил

Во судирите загинале 71.781 цивил, вклучувајќи 11.964 деца, наведува Сириската опсерваторија.

Најмалку 88.616 припадници на безбедносни сили на Сирија загинаа, или една третина од вкупниот број настрадани, од кои 50.570 се војници, додека останатите жртви се придружни борци.

Меѓу загинатите се 42.384 бунтовници и 34.375 странски борци, додека на 3.225 лица кои загинале идентитетот не им е познат, се додава во соопштението.

Судбината на 30 илјади лица кои се водат како исчезнати, вклучувајќи и 20.000 за кои се верува дека се во затворите во Сирија, не се документирани во овој биланс.

Не е земена предвид ниту сидбината на илјадници припадници на силите лојални на режимот кои се во заробеништво на бунтовничките фракции или на групата Исламска држава, пренесува Танјуг.

Грѓанската војна која беснее во Сирија почна пред повеќе од четири години со антивладини протести и жестока пресметка на властите со демонстрантите.

 

Прочитајте:

Македонец кој се борел во Сирија меѓу уапсените во акцијата „Ќелија“

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.