АНАЛИЗА: Војна за гас?

Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, донесе човек чии барања кон ЕУ не се прекумерни, но и’ се претставуваат на многу груб начин. И згора на се’, САД одеднаш се претворија од дарежлив водач, кој секогаш ја плаќа сметката, во голем скржавец кој брои центи и сака економска болна Европска унија, која ќе плаќа милијарди повеќе за НАТО и за сопствената одбрана. Трамп, исто така, успеа да удри и по најболната точка, критикувајќи ја Германија за нејзиниот прекумерен извоз во САД со минимален балансирачки увоз, обвинувајќи ја дека ги влошува проблемите во американскиот трговски и платежен баланс.

Последната сламка на спас беше минатата недела, кога Сенатот на САД усвои, и тоа со големо мнозинство – 98 гласа „За“ и само 2 „Против“, нов пакет санкции против Русија, кои предвидуваат казни за секоја компанија, што ќе учествува во изградбата на нов руски гасовод, или ќе обезбеди финансиски услуги за него. Тој закон најмногу е насочен против германските и европските компании. Но, и покрај тоа што е времено сопрен, поради допуштени процедурални грешки од страна на Конгресот, најверојатно ќе биде преработен и прифатен.

Иако пресметаната вредност на „Северен Тек-2“ е меѓу 8 и 9 милијарди американски долари, сепак е примамлива дури и за богатите држави. Германија и Австрија веднаш реагираа остро и тоа е прв пат во последните 70 години (од крајот на Втората светска војна). Тие одговорија, заканувајќи се со осветнички санкции, поточно алудирајќи дека ќе одговорат со снакции против САД. Исто така, тие ги обвинија САД дека ја користат политиката за да ги протуркаат своите економски интереси и да ја натераат ЕУ да купува поскап американски течен гас. Поуката тука изгледа дека е: „Прави што сакаш, но остани подалеку од мојот џеб“.

Што се однесува до Русија, таа продолжува да напредува со проекти и воопшто не се грижи во делот на изградби, бидејќи има доволно специјализирани компании – подизведувачи, подготвени да ги направат првите ископи и тоа за кус временски рок. Русија, исто така, го реструктуираше финансирањето на проектот, делумно со самофинансирање и делумно со финансирање од кинески банки, со кои моментно си комуницира. Но, Русија не запира тука, туку оди дури и подалеку и почна преговори со турските власти за изградба на гасоводот „Турски тек“, за да транспортира гас кон Турција. По заситувањето на турската побарувачка, вишкот гас ќе биде пренесен по цевки, кон јужна Европа со примамливи давачки за транзит за Турција. Работата по тој проект почнува наскоро, едвај седум месеци по потпишувањето на договорот.

Но, каде се сите други производители на гас? Каде се американските амбиции продажбите на руски гас да се намалат и да се заменат со арапска, американска, па дури и иранска испорака? Каде се проектите за гасоовод преку Ирак, Сирија и Либан до Средоземното море, а оттаму до Европа? Сеуште ли се можни? Сеуште ли се валидни? Ќе има ли причини и оправдувања за продолжување на постоечките воени конфликти, или ќе се креираат нови? Или, пак, САД ќе објават нови санкции против секој кој се дрзнал да употребува руски гас, било каде во светот?

Автор: Марван Саламах, кувајтски економски консултант, за „Global Research“