Војната доаѓа, Македонија пред време окупирана

Одамна пишувам дека ситуацијата во Македонија, на Балканот и во останатиот свет глобално се повторува од онаа пред Втората светска војна.

ВСУШНОСТ, ЗАТОА ШТО САД (СВЕТСКАТА ВЛАДА ВО СЕНКА) ГО КОРИСТИ ПОТФАТОТ НА ХИТЛЕР.

Пред неколку дена рускиот Претседател Путин за француското списание „Le Figaro“ изјави:

„Веќе комуницирав со еден претседател на САД, потоа со друг, со трет – претседателите доаѓат и си одат, а политиката не се менува. Дали знаете зошто? Затоа што власта на бирократите е многу моќна. Се бира човек, доаѓа тој со свои идеи, но потоа кај него доаѓаат добро стокмени луѓе со темни костуми, како мојот, само што не со црвена, туку со црна или темно сина вратоврска. И тие му кажуваат како мора да се одвиваат работите – тогаш сé се менува. Така е кај секоја администрација“.

СЕ ЗНАЕ ДЕКА УШТЕ ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА XIX ВЕК СВЕТСКАТА ВЛАДА ПЛАНИРАЛА ТРИ СВЕТСКИ ВОЈНИ.

Во писмо на Алберт Пајк (координатор на масонството на територијата на САД) до Џузепе Мацини (раководител на „Илуминати“ во Европа) од 15 март 1871 година се посочува дека Првата светска војна ќе има за цел уништување на Руската империја и нејзино трансформирање во бедем на комунизмот. Втората светска војна морало да го уништи германскиот национализам и да го воздигне ционизмот преку создавање на еврејска држава. Третата светска војна ќе го уништела арапскиот свет и ционизмот и ќе создадела светски хаос, по што би се наметнала светска влада.

Таканаречената Арапска пролет и агресијата врз Сирија беа битен детал во уништуването на арапскиот свет. Конфликтот САД (и Израел) – Иран е друг детал во тој план. Тука изненадувачка сопка е амбициозната Северна Кореа, која може да создаде светски конфликт пред време со учеството и на Кина.

На Балканот досега, плановите на САД и НАТО се одвиваат непречено. Целта на Хитлер, а сега на САД е, да биде искористен Балканот како база за удар врз Русија. Ново е тоа што цела Европа мора да биде топовско месо во име на американските интереси. Преку политички квислингзи Црна Гора беше напикана во НАТО против волјата на народот. Истото се подготвува за Македонија и притоа во рамките на НАТО таа ќе биде поделена и уништена. Затоа што доброволно менување на македонското име (идентитет) од квислингот Заев со индиректна поткрепа на ДПМНЕ (ДЕЗЕРТЕРСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКА НИХИЛИСТИЧКА ЕДУКАЦИЈА) е откажување од постоење на македонска држава. Целта на експресното влегување на Црна Гора и на Македонија во НАТО е да се спречи предлогот на Русија за неутралност на Црна Гора, Македонија, Србија и Република Српска. Да се потсетиме дека во 1940 година таков предлог имаше Русија кон Бугарија.

Во овој момент на Балканот како и во…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.