Македонија

Војници на КФОР бегале голи низ Скопје

Војници на КФОР бегале голи низ Скопје

Двајца припадници на данскиот контингент на КФОР од Косово се уапсени рано утрово на плоштадот Македонија во Скопје.

Полицијата извести дека војниците го нарушиле јавниот ред и мир. Како што дознава Плус Инфо од полициски извори војниците биле поднапиени.

Се соблекле голи и избегале без да платат од локалот каде славеле. За да не дојде до поголем проблем тие се приведени во станица. За инцидентот е известена и нивната команда во Косово.

фото:zurnal.mk